Опасност од пожар во кујната

ФАКТИ

Повеќе од половината пожари во станбени објекти кога FRNSW е повикана започнуваат во кујните, половина од овие се заради ненаблјудувано готвење.

СОВЕТИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ПОЖАР:

  • Не оставајте го готвењето без надзор. Ако мора да ја напуштите кујната додека готвите, исклучете ги ринглите.
  • Ако ја користите рерната и треба да ја напуштите кујната поставете го тајмерот за да не заборавите на готвењето.
  • Пред користење на нови уреди за готвење секогаш постапувајте по упатствата на производителот за инсталација и користење и следете ги упатствата за безбедност.
  • Не чувајте ги крпите за раце, ракавици за рерната и други запалливи предмети во близина на шпоретот.
  • Не носете тави со жешко или масло што гори низ куќата зашто тоа може да предизвика пожар и сериозни повреди.
  • Држете ги децата подалеку од жешките рингли и рерна додека готвите и поставете заштитник за шпоретот.
  • Завртете ги рачките на тавите и тенџерињата на внатре за да не се превртат.
  • Загрвајте го маслото за готвење внимателно и полека во тава со соодветна големина за да не дојде до
    прскање на маслото.
  • Сите уреди за готвење треба да бидат исклучени откако ќе завршите со готвењето.
  • Чистете го раженот во шпоретот после секоја употреба, како и филтерот на аспираторот и сите уреди
    во кујната редовно.
  • За да се намали ризикот од пожар не загревајте работи во микробрановата печка кои не се наменети за тоа.
  • Загревањето на кесите со зрна (wheat bags) може да доведе до пожар, не загревајте ги подолго отколку што е препорачано, или најмногу до 3 минути (или она што е пократко). Додајте шолја со вода во микробрановата печка за да ја намали опасноста од исушување на кесата со зрна и предизвикување пожар. Заменувајте ги кесите најмалку на 12 месеци.
  •  

СОВЕТИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОЖАР:

  • Детектори за чад треба да бидат поставени во собите за дневен престој и во ходниците во близина на спалните соби – не во кујната. Детекторот за чад кој е најблиску до кујната, би требало да биде фотоелектричен, кој е помалку подложен на лажни аларми предизвикани од готвењето.
  • Не користете вода за да изгаснете масло кое гори. Водата ќе доведе огнот побрзо да се прошири и може да предизвика страшни изгореници.
  • Поставете противпожарен апарат со суви хемикалии и кебе за гаснење пожар во кујната и научете како да се користат. Тие треба да бидат поставени најмалку на 1 метар од шпоретот и најблискиот излез.
  • Ако се јави пожар во кујната, јавете се на три нули (000), и обидете се да го изгаснете пожарот само ако знаете како. Ако не сте сигурни, исклучете го изворот на топлина и излезете според вашиот план за напуштање на куќата.
Translations